Случаите на зараза со коронавирусот во Германија повторно се во пораст, објавија здравствените власти во средата, но бројот на починатите продолжува да се намалува, додека министерот за здравство Јенс Шпан повикува на масовно вакцинирање најавувајќи го новиот бран на Covid-19 оваа есен.
Референтниот германски центар за следење на заразните болести Институтот „Роберт Кох“ извести во средата дека се потврдени 985 нови случаи на зараза со коронавирусот. Оваа бројка пред една седмица изнесуваше 808 случаи. Во последните 24 часа од Covid-19 во Германија починале 48 лица, додека пред една седмица имало 56 смртни исходи.
Министерот за здравство Јенс Шпан ги повика сонародниците да ги прифатат повиците за вакцинирање. Во интервјуто за јавниот телевизиски сервис ARD предупреди дека бројот на коронаинфекциите есенва ќе расте.
„Тоа ќе го видиме есенва и зимава, она што сега го гледаме во Обединетото Кралство и во другите земји. Секаде каде што нема доволно вакцинирани луѓе ќе има многу зарази меѓу оние групи од населението кои недоволно се вакцинираат“, рече Шпан.
Според министерот, младите и децата кои ќе се решат да се вакцинираат може да ја добијат првата доза до крајот на авгуист. Шпан додаде дека вакцини има и посочи дека вакцинирањето е доброволно.
„Субзивањето на вирусот е тимска работа. Доколку ние, како Германија и како Европа, сакаме да ја надминеме пандемијата, потребна ни е висока стапка на вакцинираност“, рече Шпан.
Некои членови на германската влада бараат да се укинат сите рестриктивни мерки, но Шпан тврди дека зштитините маски веројатно ќе мора да се носат и есенва и зимава во одредени околности. Потврди и дека Германија е загрижена поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот којашто се смета за позаразна до дригите соеви.