Во Германија трета година со ред се намалува бројот на бегалците

Бројот на луѓе кои бараат азил во Германија е во пад веќе трета година по ред, објави германското министерство за внатрешни работи, а пренесува Индипендент.

Во 2019 година поднесени се 111.094 барања за азил, соопштија денес германските власти, што е 18.534 барања помалку отколку во 2018, односно станува збор за пад од 14,3 отсто.

На врвот на емигрантската криза во 2015 во таа земја беа поднесени 890.000 барања за азил.