![koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-7.jpg?resize=670%2C467&ssl=1)
Жена заразена со новиот тип коронавирус жена во понеделникот родила здраво бебе, соопшти на брифингот за новинарите портпаролот на грчкото министерство за здравство за прашањата со Covid-19, професорот Сотирис Циодрас.
„Борбата против вирусот, е нашата заедничка борба. Денеска во таквата борба победи млада мајка, којашто денеска роди здраво момченце во нашите болници“, рекол Циодрас.
Ова е веќе втор ваков случај, минатата седмица 24-годишна жена роди момченце, како коешто вирусот исто така не бил пренесен од мајката.
Според последните официјални податоци, во Грција се потврдени 695 случаи на ифенкција со коронавирусот, од кои 71 пацинет е регистриран во текот на последното деноноќие. Досега како последица од заразата починаа 17 луѓе.