![policija italija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/policija-italija.jpg?resize=680%2C463&ssl=1)
Италијанската полиција го истражува силувањето на две британски девојчиња што се случило во мал град на југот, пишува Гардијан.
Силувањето се случило овој понеделник за време на домашна забава во Марконија ди Пистичи, мало гратче со нешто повеќе од 8.000 жители, во близина на градот Матера.
„Ноќта меѓу 7 и 8 септември две малолетни странски девојчиња беа сексуално нападнати за време на забава во вила. Полициската истражна единица во Матера започна истрага во координација со јавното обвинителство”, се вели во полицискиот извештај.
Локалните медиуми пишуваат дека двете девојчиња биле на годишен одмор, и дека неколку лица ги тепале пред силувањето.
Девојчињата повикале полиција откако се пријавиле во болницата во Матера. Тие беа во состојба на шок, а повредите на телото укажувале на насилство.