Во Кина регистрирани 22 нови случаи на коронавирус

Во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 33, соопшти Националната здравствена комисија.

Од вкупниот број на заразени, само еден е од локален пренос во Шангај, додека 21 се увезени случаи.

Регистрирани се и 25 нови асимптоматски случаи, кои не влегуваат во официјалната статистика, додека претходниот ден имаше девет.

Вкупниот број на заболени лица од почетокот на епидемијата во Кина сега е 86.267, а починале 4.634 лица.