Проруските сепаратисти во отцепените по превратот во 2014 година југоисточни украински региони Луганск и Доњецк ќе организираат референдум за присоединување на Руската Федерација меѓу 23-ти и 27-ми септември, пренесуваат во вторникот руските медиуми цитирајќи ги челниците во двата региона доминантно населени со руско и рускојазично население.
Парламентот во самопрогласената Луганска Народна Република претходно во вторникот донел закон во кој се наброени поединостите од предложениот плебисцит.
Истовремено челникот на сепаратистите од Доњецк, Денис Пушилин директно му се обратил на рускиот претседател Владимир Путин, кој на 21-ви февруари го потпиша указот со кој по осум години ја призна независноста на Луганск и Доњецк, што е поскоро можно да го разгледа прашањето за влегување на „народната република“ во составот на Русија.
„Ве молам да го разгледате прашањето за присоединувањето на Народна Република Доњецк кон Руската Федерација што е можно поскоро во случај на позитивната одлука на референдумот, во што не се сомневаме“, се вели во пораката на Пушилин објавена на неговиот Telegram канал.
Како што пишува Пушилин натаму, „многострадалниот народ на Донбас кој многу трпеше заслужува да биде дел од Големата Држава, којашто отсекогаш ја сметал за своја татковина“, додава Пушилин.
Според властите во Доњецк, 9.044 тамошни жители, од кои 120 деца, се убиени од почетокот на борбите со украинските формации са
„Тоа ќе претставува востановување на историската правда, по чиешто доаѓање копнеат милиони руски луѓе“, додава Пушилин.
Челникот на Херсонската област, на југот на Украина, како и на уште неколку помали региони кои во моментов се водени од ткн воено-цивилни административни власти откако беа заземени од руските и проруските сили, се обратија до Москва за помош при спроведување на референдумот за приклучување на Русија. Во овие региони веќе со месеци е воведена рубљата како платежно средство, а многу граѓани добија руски патни исправи.