Нигерската војска во вторникот ја претпрела една од најтешките загуби отокао е во судир со џихадистите кои ја нападнале базата Инатес на западот од земјата, близу границата со Мали.
„Во нападиот загина 71 војник, 12 се ранети, некои се исчензати а поголем број терористи е неутрализиран. Терористите ја гаѓале базата со минофрлачи. Голем број луѓе загинале во експлозиите на муницијата и гориво“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана прочитано на државната телевизија во средата вечерта.
Во текстот се оценува дека имало „повеќе стотици“ напаѓачи и се зборува за „борби со ретко видена јачина“.
Волку големиот број жртви поттикна и реакција на државниот врв на Нигер.
„Претседателот на Републиката, врховниот командант на вооружените сили, Исуфу Махамаду, го прекина учеството на Конференцијата за траен мир, безбедност и развој во Африка која се одржива во Египет и се врати во Ниемеј по трагедијата во Инатес“, објави кабинетот на шефот на држава на Twitter.
Станува збор за најсмртоносниот напад од почетокот на џихадистичката офанзива во Нигер во 2015 година. Покрај оваа земја, и целата област Сахел, во прв ред Мали, Нигер и Буркина Фасо, се цели на најсмелите напади од страна на вооружените исламистички групации, и покрај присуството на француските единции во регионот.
Оваа есен во три големи џихадистички напади во Мали загинаа релиси 150 војници. Буркина Фасо во август годинава загуби 24 војници во нападот врвз базата Кутугум, исто така во близина на границата со Мали.
Инатес е центар на регионот во кој царуваат криумчарите. Тамошната воена база беше цел на напад и на 1-ви јули кога беа убиени 18 нигерски војници, за што одговорноста ја презема групацијата Исламска држава.
Нигерскиот совет на министрите во вторникот за три месеца ја продолжи вонредната состојба прогласена во 2017 година во неколку покраини поради сузбивањето на џихадистичките напади.