Во Словенија во последните 24 часа со PCR тестирања потврдени се повеќе од 17.000 нови зарази со коронавирусот, што е досега највисока бројка новозаразени во еден ден од почетокот на епидемијата од пред речиси две години.
Потврдени се 17.092 коронаинфекции, што се за 4.799 повеќе во однос на состојбата од пред седум дена. Исто така, повеќе е и од досега највисокиот број зарази на дневно ниво, во неделата кога имаше 13,911 новозаразени.
Станува збор за сѐ уште неофицијален податок кој го пренесуваат медиумите повикувајќи се на свои извори, а целосните податоци заедно со процентот на позитивните тестовои, 14-дневната инциденца на заразатра и состојната во ковид-болниците подоцна во средата ќе ги обајви Националниот институт за јавно здравје (NIJZ).
Освен сѐ подоминантната и позаразна омикрон варијанта на коронавирусот и големиот број активни случаи, помало неочекуваниот големиот ској на новозаразените последните неколку денови се толкува и со големите заостанувања во тестирањата. Причина за доцнењето е што дел од примероците се испраќаат во една лабораторија во јужна Германија, па резултатите стасуваат со неколкудневно задоцнување и дополнително се вбројуваат во дневните резултати, пренесуваат медиуми.
Се наведуваат, исто така, загрижувачки податоци од болниците во коишто коронавирусот продрел и во ткн „бели“ нековид оддели, и на порастот на заразите меѓу медицинскиот кадар кој сѐ почесто останува во изолација или е заразени. Според некои податоци станува збор за повеќе од десетина отсто медицински персонал кој поради изолација или зараза остануваат надвор од работа.