Во Словенија потврден и „нигериски“ сој на коронавирусот

По откривањето на британскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирусот, во Словенија е потврдена и нигериската варијанта на SARS-CoV-2, пренесе во вторникот вечерта комерцијалната телевизија POP TV.

Досега се откриени седум случаи на најновaта варијанта на вирусот, потврдени во лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.

Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Covid-19.

Јужноафриканскиот сој во Словенија беше потврдена на 9-ти февруари кај 54-годишен маж, што укажува на тоа дека инфекцијата на докторот од Марибор не била како што се верувало.

Министерот за здравство Јанез Поклокар на вчерашната прес-конференција рече дека минатата недела се потврдени 62 случаи на британскиот сој и еден случај на јужноафриканскиот, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.

Денеска се очекува официјален извештај за присуството на разни мутации во коронавирусот што циркулираат во Словенија.