Во Словенија стапи на сила 11-дневно затворање

Во Словенија во четвртокот стапи на сила 11-дневно строго затворање со коешто властите сакаат да го пресече третиот бран во епидемијата на коронавирусот и остриот раст на епидемиолошката крива, а во последните 24 часа во земјата имало 1.335 нови случаи на Covid-19.

Иако бројот на потврдените нови зарази помали отколку ден претходно, уделот на позитивните наоди е повисок и изнесува 23,7 отсто, објави словенечката влада, што претставува загрижувачки податок и го оправдува воведувањето на „затворањето“.

Рестриктивните мерки кои се на сила следните десетина дена вклучуваат онлајн настава во училиштата, затворење во границите на регионите, забрана за заминување на земјите од „црвената“ листа, работа на државната адмионистриција и јавниот сообраќај во минимален обем, како и затворањето на повеќето услужни дејности и спортските активности. На работодавците им е порепорачано да го овозожат работењето од дома или користење на годишните одмори, а сето тоа има цел да се „пресече“ опасниот трет бран на епидемијата, но и да се смали големиот број нови хоспитализации, па и на оние со потешки форми на болеста.

За влегување во Словенија од понеделник ќе важи исклучително PCR тест, а не антигенскиот тест како досега, а на словенечките резиденти им е забранетот заминувањето во земјите од „црвената“ епидемиолошка листа со закани со високи парични казни.

Во Словенија, според најновите податоци на министерстото за здравство, 13.395 активни случаи на заразата и оваа бројка е во пораст, како и бројот на хоспитализираните кои во поментов ги има 518 пациенти. Бројот на смртните случаи и натаму е помалат во однос на периодот од вториот бран на епидемиологијата, поради „прележаната“ пбоелст или вакцинирањето меѓу постарите. Со седум нови смртни случаи, вкупниот број починати од Covid-19 се зголеми на вкупно 4.054 смртни исходи.

Просечнито број на нивите случаи потврдени зарази за една седмица изнесува 1.027, објави министерството за здравство. Но според др Леон Цизељ од Научниот институт „Јожеф Штефан“, кој за владата ги прави матеатичките анализи и проекциите на епидемијата, се смета дека во сегашниот момент на една со тестирање потврдена инфекција доаѓаат две до три неоткриени, меѓу луѓето кои не се тестерирани, па вистинскиот број на дневни зарази би можел да биде четири до пет илјади.

Главната причина кој го генерира третиот бран од коронаепидемијата во Словенија е сега доминатниот британски сој, поради кој репродукцискиот број на ширењето а епидемијата е над 1, оа е невозожно да се контролира без „затворање“, со што во вториот бран беа спречени полоши последици од оние кои беа забележани, предупреди Цизељ.

Се претпоставува дека меѓу оние кај коишто заразата е сега потврдена во иднина ќе има 80-ина хоспитализирани и десетина починати, а ефектите од „затворањето“ ќе се почувствуваат дури за две седмици по неговото затворање, наведува Цизељ додавајќи дека според проекциите доколку не се појавил британскиот сој, епидемијата во Словенија би завршила во мај.