Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 10.381 лица за корона вирус, а регистрирани се 467 нови случаи. На респиратори има 169 пациенти.
Во последните 24 часа во Србија, осум лица официјално починаа од последиците на корона вирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 534. Починаа шест мажи и две жени.
Од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 23.730 случаи на инфекцијата во Србија.
Вкупно 4.568 пациенти се хоспитализирани. Стапката на морталитет е 2,25 проценти.
До 15 часот на 26 јули, вкупно 621.714 лица кои ги исполнија критериумите за утврдување на случајот, беа тестирани во Србија.
Вкупно 690 здравствени работници се позитивни, од кои 72 се хоспитализирани.