Возач на „поло“ хоспитализиран откако се судрил со полициско „јети“

Во средата попладнето на кумановска крстосница се случил судир меѓу полициско возило „шкода јети“ и приватен автомобил „фолксваген поло“, по што возачот завршил во болница

Инцидентот се случил во Куманово, на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“, кога патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на Министерството за одбрана, кој го управувал 38-годишен полициски службеник, се судрило со автомобилот „фолксваген поло“, управувано од 46-годишен кумановец, при што овој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, известуваат денеска од МВР.