(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нема вилдиви траги на насилство кај жената чие тело беше извлечено од Вардар

Нема траги на насилство кај жената чиешто безживотно тело претходно во саботата беше извадено од Вардар во градското подрачје близи центарот на градот, а претстои утврдување на нејзиниот идентитет.

Безживотно тело на жена во саботата било извадено од водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица во Скопје, потврдиле од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Според сознанијата на полицијата, се работи за повозрасна жена, родена 1951 година. Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.

Жената, како што објавија некои медиуми, не била пријавена за исчезната и кај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.