Врховниот суд ја потврди затворската казна од четири години и осум месеци на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која Апелација му ја намали од изречените 6 години од Кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од Кривичниот суд беше изречена во јули 2018 година.
– Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелацискиот суд Скопје – велат од Врховниот суд.
Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако Кривичниот суд му одреди три години затворска казна.