Во текот на најавениот телефонски разговор во неделата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, договорено е потпишувањето нов договор за снабдување со гас на три години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.
„Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на три години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти“, истакна Вучиќ.
Рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира сѐ од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас Србија ќе има безбедна зима и притоа изрази благодарност до руските партнери за поддршката.
„Ако семат тоа да го кажам, ние по прашањет за снабдевање со гасот ќе имаме сигурна зима. Во зависност од дополнителните разговори со ‘Газпром’, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е трипати помалку, а во зима ќе биде десет пати помалку од она што ќе го плати Европа“, рече Вучиќ.
Актуелниот договор за испорака на гас истекува на 31-ви мај. Според Вучиќ, во текот на зимаа цената верујатно ќе се движи меѓу 310 и 408 долари за илјада кубни метри, што според него е убедливо најдобрата цена на континентот.
„Можно е само Ерменија и Белорусија да имаат малку поповолна цена. Ако сметата дека денеска е околу 060 долари центата на гасто, тоа е затоа што е лето. А кога ќе дојде зимата тоа може да биде и над 3.000 долари. А ние ќе плаќаме десет пати помалки. Сега само е прашање на дополнителните количества…“, заклучи Вучиќ додавајќи дека иако вообичаено е претпазлив, по разговорот денес е оптимистичен.