![vucic press](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/vucic-press.jpg?resize=672%2C432&ssl=1)
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди во вторникот дека има хронични проблеми со срцето и со зголемениот крвен притисок, како и дека влошената здравствена состојба му е нарушена поради неговото сопствено невнимание и со ништо друго.
„Јас сум хронично болен. И денеска сум под терапија. Тоа се мои проблеми, не сум од оние со најдобро здравје, но додека имам сила и енергија ќе се борам уште повеќе и тоа ви го гарантирма“, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател во вторникот првпат се појави во јавноста откако во петокот попладнето беше хоспитализиран во Военомедицинската академија поради кардиоваскуларни проблеми.
„Новинарите немаат врска со мојата здравствена состојба, јас сум хронично болен, плус акутните проблеми. Тоа е моја работа и никој нема врска со тоа“, рече Вучиќ на прес-конференција и притоа истакна дека никого не може да обвини за своето здравје.
„Ниедна секунда не сум обвинил никој друг за моето здравје. Тоа мене природата ми го дала, покрај природата на моето невнимание“, рече Вучиќ и рече дека не ги земал лекарствата за срце и зголемен крвен притисок. „Не беше лесна таа ноќ“, додаде и им се заблагодари „на сите кои се грижеа“.
Влошувањето на здравствената состојба на српскиот претседател, неговите соработници и приврзаници во медиумите и таблоидите ги доведуваа во врска со низата прашања поставени на Вучиќ во петокот за аферата со продажба на оружје со која во врска се доведува таткото на министерот за полицијата и вицепример Небојша Стафановиќ, инаку близок соработник на Вучиќ и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС).
Вучиќ во вторникот присуствуваше на потпишување на договорот за изградбата на кракот од автопатот Рума – Шабац и на брзиот пат Шабац – Лозница и притоа го коментираше евроинтеграцискиот процес со Европската унија.
Србија има подготвени четири преговарачки поглавја во преговорите со ЕУ и од Брисел зависи каква политичка одлука ќе донесе и колку поглавја ќе бидат отворени до крајот на годината, истакна Вучиќ.
„Дали ќе има отворање на нови поглавја или не – немам поим, тоа зависи од нив (ЕУ). Како што ќе одлучат тие, така ќе бдие“, одговори српскиот претседател на прашањето што очекува од планот на францускиот претседател Емануел Макрон за реформата на политиката на проширувањето на ЕУ и за можното отворање нови поглавја за Србија.
„Тињ нека си ја работата својата работа, ние својата“, рече Вучиќ и заклучи дека граѓаните на Србија ги интересира како напредува домашната економија „бидејќи од тоа зависи нивниот живот“.