Главната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, во средата одговарајќи на новинарско прашање рече дека има индиции за тоа како се одвивале настатните пред и во текот на оружениот судир од пред четири години во кумановската приградска населба Диво наеље кога беа убиени осумина македонски полицајци, но оти ова обвинителство нема од ткн „бомби“, односно нелаглно прислушуваните разговори до кои дојде тогашната опоиција сега владејачката СДСМ, меѓутоа уште пред две години ресурсот WikiLeaks објави материјали од кои се гледа дека вооружените лица од Диво насеље биле во комуникација со лица токму од СДСМ.
Според Јанева, имајќи предвид дека кумановските настани дека СЈО сѐ уште нема „бомби“ случајот „Диво насеље“ , не е сигурно дали ова обвинителство ќе може добие надлежност врз овој предмет.„Предистражна постапка има, но ќе биде многу тешко да се воспостави надлежност. Прашањето е дали и воопшто СЈО ќе може да го преземе овој предмет, вели Јанева.
Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.
Според објавата на WikiLeaks од мај 2017 година, а станува збор за разузнавачки извештај ја американската администрација, лицата кои според начинот на кој го иницираа судирот со македонските безбедностни служби може да се карактеризираат како терористи, биле во комунијација со одредени структури на СДСМ.
Вооружената група од дваесетина лица на 10-ти мај 2015 година извршија напад врз полициските единици, кои превентивно делуваше по свои сознанија, со цел да спречат остварување на првичниот план на терористите за напад врз поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, коишто планирале да ги изведат на 15-ти мај, а што ќе резултираше со големи цивилни жртви.
Во преписка помеѓу Стејт департментот и амбасадата на САД во Скопје, WikiLeaks објави меѓу другото дека:
„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.
Во документот се наведува и дека групата терористи остварила веќе контакти со политичари во Скопје, и имало најмалку две средби во Приштина, како и дека постојат контакти со движењето кое заговара политички промени, мислејќи во прв ред на СДСМ и протестите кои тие ги организираа.
„Групата важи за блиска до Харадинај од Косово, и остварила контакти со политичари од Скопје. Потврдени се најмалку две средби во Приштина. Тие ќе побараат промени од официјално Скопје. Членови на радикалите од Косово и ФИРОМ се во комуникација со поддржувачи на движењето за политички промени во ФИРОМ, стои во документот објавен на „Викиликс“.
Притоа треба да се потсети дека само ден по завршувањето на полициската операција во кумановски, челникот СДСМ сегашниот премиерд Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, се сретна со лица за кои безбедносните служби имаат сознанија дека се во блиски врски со структури од некогашната ОВК (UCK) и кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.
Во документот на американската администрација стои и дека нивното дејствување било поврзано со антивладините протести кои ги организираше СДСМ пред Владата четири дена порано, кога полицијата се судри со партиските членови на тогшната опозиција.
„Нивното дејствување во Македонија зависи од моменталната политичка состојба. Важен детаљ е дека пред владата имаше анти владини протести кои беа сузбиени од полицијата. Целта на албанските радикали е користење на таквиот моментум“, стои во преписката на американската администрација.
Притоа треба да се потстседи дека на протестите кои ги одржа СДСМ на крајот од мај 2015-та се појавија знамиња на ткн „Голема Албанија“ и амблем на !113-та косовска ударна бригада “чи поранешни припадници учествуваа во настаните во Диво насеље
Процената на американските служби и била дека групата не се подготвува да дејствува во скоро време, но оти ќе пружи отпора доколку биде откриена од македонските безбедносни служби.
„Групата за брзо време нема да делува и ќе стекнува логистика, но ќе пружи отпор доколку истата биде пресретната, пишува во преписката меѓу американските служби.