Желбата да се направи што е можно поинтересно и предизвикувачко селфи однела 259 човечки животи во периодот од 2011 до 2017 година, покажуваат резултатите од истражувањето на Националната медицинска библиотека на САД.
Истражувачите препорачуваат да се воведе „забранета зона за селфи“ на опасни локации за да се намали бројот на жртвите. Овие локации се планински врвови, високи згради и езера. Најчестите причини за смрт се давење, транспортни несреќи и пад од височина или во вода. Исто така, фаталните исходи се чести поради напади на животни, струјни удари, како и поради огненото оружје и огнот.
Во оваа студија истражувачите користеле извештаи од медиумите. Тие откриле дека несреќите при селфи најчесто се случуваат во Индија, Русија, САД и Пакистан, а 72,5 отсто од жртвите се мажи.