Од Министерството за одбрана за РСЕ велат дека Македонија како членка на НАТО е сигурна и безбедна, во одговор на Радио Слободна Европа, за тоа какви би биле последиците врз земјава по декретот на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација во војната против Украина.
НАТО сојузниците остануваат посветени на една од клучните задачи на НАТО, а тоа е одбрана и одвраќање. НАТО е одбранбена Алијанса, која не се конфронтира со Русија и прави сè да ја спречи натамошната ескалација, се додава во одговорот.
„Како и многупати досега, повикуваме на разум и на прекин на воените дејствија кои однесоа премногу човечки животи и преголемо уништување. Единствениот пат до конечно и одржливо решение е дијалогот кој мора да ја добие својата шанса“, одговорија од Министерството за одбрана за РСЕ.