Белгискиот напаѓач Еден Азар има ужасна деби сезона во дресот на Реал Мадрид по летниот трансфер од Челзи вреден повеќе од 100 милиони евра.
Белгиецот доживеа три тешки повреди. Првата уште пред да почне сезоната, а потоа само што ја пронајде својата форма кон крајот на ноември го повреди скочниот зглоб. Беше надвор три месеци, а откако стартуваше на својот втор натпревар по повредата, истата ја обнови против Леванте.
„Кралевите“ потврдија дека има скрешница на коска во скочниот зглоб и дека сезоната за Азар е завршена. Тој во четврток ќе замине на операција во Далас, САД, а клубот не очекува да се врати до крајот на месец мај.