![Janko_Ilkovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/Janko_Ilkovski.jpg?resize=480%2C480&ssl=1)
Познато ви е дека во октомври прележав корна, и тоа детално го опишав во една од најчитаните колумни евер. Не е за фалење, но се обидов да дадам малку надеж на уплашените, ем загрижените. Успеав, и баш ми е мило поради тоа. Еве ме, 4 месеци подоцна, време да се сумира и она што ама ниедна институција не го следи, ниту пак сериозно здравствениот систем посочува за тоа кои се последиците и каква е рековалесценцијата… да де, закрепнувањето.
Без да се навраќам што беше и како, тоа можете да го прочитате тука, а сега малку ќе објаснам последиците потоа.
ПОСЛЕДИЦИ
Имено, откако ми се стивна еуфоријата дека го преживеав вирусот многу лесно, (благодарејќи на реишито, меѓу другото) после месец дена некако и натаму се чувствував, слаб, без енергија, а некои ми забележуваа дека сум блед… крвната слика не покажа ништо дрматично, напротив. Продолжив со нормалата и натаму, не сменив ништо, но почнав да качувам во килажата, сериозно. После некое време забележав дека мојата облека од М прејде на XL и се соочив со најстрашниот хорор, за мене лично, повторно дојдов на 100 кг. Имено пред неколку години имав преку 120 и со ригорозeн режим намалив на под 90. Ми беше загрижувачки, пред се’ поради фактот што не ги сменив навиките во исхраната (храна без брашно и шеќер, пред се’ и многу протеини и редуцирани калории) Згора и сонот ми се поремети, иако кај мене па тоа е професионална деформација. Нејсе.
Разговарав со мојот лекарски тим (пријатели де) кој се грижеа за мене, но никој не ме зема за сериозно. После некое време отидов кај матичната, најсерозно побарав помош, оти симптоимите на слабост, лош сон, зголемување килограми, будење препотен и слично, продолжуваа. Направивме стратегија. На клиниките направив комплетна анализа на хепар, хормони, нова ултра-детална крвна слика и преглед на скоро сите органи.
Интернистот исто беше збунет, поради фактот што скоро сите параметри беа во нормала. Таман сакаше да прозбори нешто на темата, му „сржав“ да не помислува да спомне психијатар оти имам преживеано и стент и сообраќајка кога изгубив ај слезината и знам што е стрес, но чувствувам дека не е психилошки, напротив, се’ „урлаше“ во мене дека нешто не е во ред, па дури и како рековалесцент од панични напади поради силни гастратични воспаленија кои ми предизвикуваа неверојатни тахикардии, знам да се носам со стресот и сите негови сегменти. Кој ме гледа на ТВ знае дека, за разлика од порано, сега сум Зен мастер хехехе, нејсе.
Поради мојот непоспустлив став почнавме да чепкаме, во доктор Хаус стил, што е работата, но прво да се утврди каде е скриената промена. Неа сепак ја откри лекар стручњак за дијабет кој веднаш ми препорача максимална терапија со глукофаж.
Секако и јас со цело мое искуство, сепак прашав зошто, затоа што никаде ама баш никаде не се појавуваше дека гликозата, па и скриениот шекер ми е зголемен (иако постојано и од порано ми е на горна граница). Клучното што таа го кажаа е дека сум во некаков почетен стадиум на инсулинска резистенција која подоцна ако не ја третирам ќе се развие во дијабет, а видливите симптоми веќе ги имам, иако лабораториски не се детектирани за аларм (ова го кажувам со мои нестручни и можеби неточни констатации). Се согласив и почнав терапијата, по некое време почна подобрување во неколку сегменти. Но, зошто сево ова, како? Постојано читав по форумите за луѓе кои добиваат разни проблеми по прележувањето корона: гастиртис, чир, болки во мускулите, во коските, несоница, паника, стравови, чудни помисли, пореметена крва слика, замастен дроб дури и кај вегани, зголемено железо во крвта кое доведува и до несоница и цела лепеза на неповрзани и нетипични симптоми. Сево ова е сумирано, како мое анкетирање на преку 30-40 луѓе со кои сум комуницирал и кои прележале корона.
Специјалист, кој ми објасни дека симптомите пост-ковид наликуваат на она што како лекар во Либија го има видено кај војници кои биле изложени на боев отров. Целиот организам, сите органи, вклучително и нервниот, дигестивниот, крвотокот, биле изложени и нападнати од вирусот. Секако, прво на сетилата, белите дробови итн, но ништо не е поштедено и затоа вакви различни симптоми потоа кај секого.
НАВИКИ
Со тоа зклучив дека сите вие кои сте прелжале корона, да не се плашите од последиците, смирено третирајте ги и не барајте со-болни кои имаат исти како вас. Треба време, секако за оздравување. Очигледно е потребна радикална промена во исхраната и начинот на живот. Советите беа да се продолжи со витаминската терапија, секако со консултација на лекар. Почнете накаква програма за здрава исхрана која вам ви одговара, максимално да се заложите во рекреација, ослабете некое кило, воведете многу повеќе свежа исхрана, внесете нови навики во дневната рутина, например, чај од Ајдучка Трева, – какво само спектакуларно чудо од природата е тоа, неверојатно! Продолжите со Реиши да го бустате имунитетот кој пак ќе помогне детоксифакцијата да оди побрзо. Молтива, зен, литургија, интелектулано надградување, фокус, хоби, што и да ви е афинитет, користете како животот да ви зависи од тоа. И спијте како каснати од це-це мува.
ИСХРАНА И РЕКРЕАЦИЈА
Тетирајте се како да сте биле изложени на боев отров, а од него немало и нема лек, само со здрави навики и време се надминува. Не паничете, не замарајте околина, повеќе читајте туѓи искуства наместо да кукакте со вашите, оти сите имаат некакви, кој повеќе кој помалку, кој ги чувствува, а кој не. Спијте како да животот ви зависи од тоа – колку повеќе -толку подобро. Нашите организми беа изложени на нешто зезнато, лошо кое сеуште е непознаница и затоа за закрепнување променете навиките на подобро. Сево ова е „зипувано“ најкратко што може, но има многу детали. Му стојам на располагање на секој од вас, и поединечно ако ми се обрати, да споделам од моето огромно искуство стекнато пред се’ од бројни инетрвјуа со здравстени работници и оние кои се занимаваат со алтернатива здрава исхрана и здрав живот.
Со Господ напред!
Автор: Јанко Илковски за НетПрес