Врховниот суд на Саудиска Арабија во неделата утврдил дека никој не може да го види појавувањето на младата месечина денеска, па затоа светиот муслимански месец Рамазан за верниците во Персискиот залив нема да започне во понеделник, соопшти новинската агенција SPA. Станува збор ваков почеток втора година во тек на пандемијата на коронавирусот.
Саудиска Арабија, Јемен, Египет, Ирак, Либан, Кувај, Оман, Обединетите Арапски Емирати и Тунис објавија во неделата вечерта дека младата месечина не е забележана и дека понеделникот е последен ден на шабан, осмиот месец во исламскиот календар. Се очекува дека другите земји ќе го почетокот на Рамазан подоцна во понеделникот.
„Поради неожноста да се забележи појавата на младата полумесечина, судот ќе се собере утревечер за да донесе одлука за почетокот на Рамазан“, соопштија од Саудиска Арабија.
По ова прашање Саудиска Арабија ја следат многу арапски земји, иако секоја од нив се потпира на своите астрономи и богослови. Така, министерството за вакаф и исламски работи на Катар „во неделата, на 29-ти од месецот шабан, никој не одговори на повикот на комисијата за набљудување за појава на небото на младата месечина, а утре ќе го изнесе своето мислење.
Доколку младата месечина во овие земји не биде забележана и во понеделникот, Рамазен веројанот ќе започне многу арапски земји во вторник по крајот на претходниот лунарен месец шаабан, кој има 30 дена, иако во некои земји, меѓу кои е и Саудиска Арабија, се соменваат во врска со датумот за почетокот на месецот шаабан, кога младата месечина не можела да се води поради големите песочна бура, така што Рамазан може да настапу во среда.
Муслиманите во текот на месецот на постот, се должни да се воздржат од храна и пијалаци од мугрите до квечерината, а времето да го минуваат молејќи се и читајќи го Куранот. На зајдисонце верниците се собираат на колективни разговори и посебна молитва. Месецот Рамазан во различни земји започнува на различен датум.
Но денот на почетокот на Рамазан во муслиманскито свет честопати е повеќе поврзан со политиката отколку со реалното појавување на младата месечина. Така, сунитските муслимани се ориентираат на Саудиска Арабија по ова прашање, додека шиитските муслимани на Иран, така што на приомер во оние делови на Јемен каде што владеат шиитските бунтовници Рамазан еден ден, а на териториите кои го контролира владата поддржана од Саудиска Арабија да почне друг ден, и секоја од страните внимателнно следи дали жителите на нејзината територија, дури и ако областите се соедни, да не започнат да постат истиот ден со „непријателот“.
Посебните вечерни молитви, карактеристични за Рамазан, ќе се одржуваат со рестрикции поради пандемјата на коронавирусот втора година по ред. Поголемите собири за ифтарите, оброците со кои се прекинува постот, забранети се во неколку земји.
Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, ќе ја овозожат вечерната молитва тараваја, но е ограничена на час и половина. Во Јордан и Тунис, пак, таравихот нема да се одржува во џамиите поради полицискиот час. Полицискиот час е воведен и во Ирак, а се очекува дека ќе биде обновен, по порастот на дневниот број на заразените изминатата седмица.