Земур вети „повторно освојување“ на Франција

Villepinte Le 05/12/2021 Photo : Delphine Goldsztejn

Кандидатот од крајниот десен политички спектар на француските претседателски избори во април следната година, Ерик Земур ги повика во неделата приврзаниците да го „сменат текот на историјата“ и да тргнат во „преосвојување/ повторно освојување“ на Франција, на неговиот прв предизборен собир во регионот на главниот град Париз, пред одушевеното мноштво.

„Денеска тука ве има петнаесет илјади! Петнаесет илјади Французи кои ѝ пркосат на политичката коректност, заканите од крајната левица и омразата на медиумите“, истакна 63-годишниот Земур обраќајќи им се на следбениците во морето од француски знамиња кои скандираа „Земур за претседател!“, пет дена откако ја објави официјално кандидатурата.

„Влогот е голем, ако победам тоа ќе биде почеток на новото освојување на најубавата земја на светот“, вети кандидатот кој својата реторика со месеци нананзат ја заснова на отфрлање на имиграциите и исламот, за коишто смета дека се закани за „францускиот народ кој тука е веќе илјада години и сака да остана стопан во својот дом“.

„Ние сме во својата земја! Ние сме во својата земја!“, му одговори масата приврзаници.

Земур, поранешен новинар кој е осуден за поттикнување на омраза, стана главен кандидат којшто ќе ја предизвика Марин Лепен, челничката на одамна етаблираното крајно десничарско движење Национален собир, за пласирање во вториот изборен круг против актуелниот француски претседател Емануел Макрон.

„Слушнавте за мене дека сум фашист, расист, женомрзец“, изјави Ерик Земур кој двапати е осуден за поттикнување на расна омраза, претставувајќи се како човек кого го прогонува „чопор составен од политичари, новинари и џихадисти“.

Кандидатот чиј офицјален слоган е „Невозможното не е француски“, што инаку му се припишува на Наполеон, со повеќе од еден час задоцнување триумфално влезе во салата со звуците на свечена музика.

Во големата сала на изложбениот комплекс Вилпент, северно од Париз, по даоѓањето на Земур се случи турканица. Новинари од телевизиска емисија позната по остриот и ироничен тон пред доаѓањето на Земур беа исвиркани и обезбедувањето мораше во еден момент да ги засолни.

Околу местото на кое се одржуваше собирот и промоцијата на новата партија, беше распореден голем број полицајци а стотина противници на Земур кои протестираа против „расизмот, негационизмот и хомофобијата“ на претедателскиот кандидат ги растера полицијата. Малку претходно во Париз се одржа собир против Земур на кој учестуваа 2.200 лица, според процената на полицијата, а 10.000 според процената на организаторите, педесетина левичарски синдикати, партии и здруженија.

 

Партија за повторното преземање на Франција

Ерик Земур, контроверзен телевизиски коментатор, во вторникот ја започна предизборната трка за претседателските избори по месеците во кои јавноста ја држеше во неизвесност, со пораките дека сака „да ја спаси Франција“.

„Чувствува љубов кон Франција, што не го гледам кај другите кандидати. Има цврсти ставови и не е форматиран“, изјави за AFP Франсоа, финансиски директор на развојна компанија и додава дека „воопшто не е изненаден“ од судската одлука да го осуди Ерик Земур за наводно поттикнување расна и верска омраза.

Жаклин Мурод, која се истакна во протестното граѓанско движење Жолти елеци, кое во 2018 и 2019 година пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот со масовните простести секоја сабота го потресе мандатот на актуелниот француски претседател Емануел Макрон, исто така се појави во неделата да му изрази поддршка на Земур во името на „обичните луѓе жртви на глобализацијата“.

„Благодарени на сите вас, повторното освојување започнува. Ќе ја освоите повторно нашата земја за да си ја повратиме. Преосвојување (Reconquête) е името на движењето коешто решив да го основам. Придружете ни се… Сакам Франција повторно да стане светска индустриска сила“, изјави Земур пред приврзаниците во коплексот Виплент.

Името на партијата Reconquête, коешто на француски се изговара и како реконквиста, е процесот на повторното преземање под власт на христијаните на земјите завладеани од муслиманите на Пиринејскиот полуостров во перидоот од 718 до 1492 година. Постепениот процес се одвивал како комбинација на воени активности, миграции на населението и економски развој на освоените територии.