Целосна транспарентност и демократско спроведување на претстојните претседателски избори во Македонија, побара во вторникот челникот на Европската народна партија(EPP), Жозеф Дол, кој претходно се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски прво во вторникот оствари средба со Дејвид Мекалистер кој е претседател на Европската народна партија (EPP) и истовремено претседавач на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потоа имеше средба со Иво Вајгл, кој е известувач за Република Македонија во ЕП и веднаш по завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание реализираше средба со Манфред Вебер којшто е претседател на парламентарната група на Европската народна партија и истовремено кандидат за претседател на Европската комисика од редовите на EPP. По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, подота се сретна со Жозеф Дол, при што меѓу другото, посочил дека покрај корупцијата во земјата, и упорното бегање од предвремени парламентарни избори кои би гарантирале заштитни механизми, отвора сомнеж дека власта сака да организира фалсификат на претседателските избори.
Дол по средбата со Мицкоски на својот фејсбук профил напиша дека е важно претстојните претседателски избори во Македонија да бидат целосно транспарентни и демократски.
Во попладневните часови, остварив средба со Христијан Мицковски, претседател на нашата членка од Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме за важноста за земјата да ги спроведе реформите потребни за да остане на нејзиниот евроатлантски пат. Престојните претседателски избори беа исто така на дневен ред, и инсистирав на потребата тие да бидат целосно транспарентни и демократски, напиша на Дол.