Ливерпул го доведе и шестото засилување – Клајн потпиша со “црвените”

Англискиот премиерлигаш Ливерпул продолжува со бурниот трансфер период, откако денеска успеаа да го обезбедат и бекот на Саутемптон, Натаниел Клајн.

Иако “црвените” долго се мачеа за потписот на младиот дефанзивец, сепак со понуда од 12,5 милиони фунти успеаа да го убедат раководството на Саутемптон да попушти и да дозволи трансфер на Клајн.

Се очекува договорот да биде со траење од четири години, а детали околу финансискиот дел не се соопштуваат.

Клајн ќе биде шестото засилување за Ливерпул ова лето, откако претходно во тимот на Брендан Роџерс пристапија и Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Дени Ингс, Адам Богдан и Џо Гомез.