ОБВНОВЕНО-Најгласните граѓанските активисти на шарената револуција дебело платени за да протестираат

Десетици имиња на најгласните граѓански активисти во протестите на СДСМ се наоѓаат на платниот список на соросовите организации. Практично се работи за платени и дежурни демонстранти кои својот граѓански активизам дебело го наплатуваат.

Како што и во текот на вчерашниот ден објави Нетпрес, буквално тие добиваат плата за да протестираат, а парите не се проблем. Стотици илјади денари,а  некаде и во милиони се бројат бруто износите што ги инкасирале активистите на шарената револуција платени да го „фарбаат“ народот со своите шарени лаги.

Аферата на платеничката револуција на СДСМ и СОРОС добива се поголеми размери. Според истражувањата на Нетпрес и информациите до кои што дојдовме освен функционерите и партиските членови чии што приходи ги објавивме вчера, за дежурното протестирање на сите можни протести организирани од опозицијата дебели суми на пари инкасирале и т.н. граѓански активисти.

Денес ви пренесуваме дел од најновите податоци за надоместокот исплатен на дел од граѓанските активисти.

Ирена Цветкович
Ирена Цветковиќ

Ирена Цветковиќ која е дел од дежурните протестантски иницијативи финансиски поддржани од СОРОС, а во функција и цел на СДСМ, дебело си го наплатува својот активизам. Таа само од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ за заштита на правата на ЛБГТ заедницата минатата година заработила 1.208.720 денари. А во 2014-та година исто така си заработувала и од соросовата ФОРУМ инкасирајќи исплати од по 6.710 денари.

Љуми Беќири
Љуми Беќири
Љуми Беќири
Љуми Беќири

Застапникот на ЛГБТ заедницата Љуми Бекири кој сега е дел од иницијативата протестирам, а претходно и од студентскиот пленум си земал пари дури три соросови организации, од истата соросова ФОРУМ ЦСИД повеќе исплати од по 4.260 денари, повеќе исплати од Хелсиншкиот комитет на Пировска од по 6.148 денари, како и од организацијата Цивил од по 2.484 денари.

Бојан Јовановски - Боки 13 на протест
Бојан Јовановски – Боки 13 на протест

Дека не е за без пари поддршката на протестите и на Бојан Јовановски или Боки 13-ка покажуваат и сметките дека само за 2015-та година од ХЕРА тој земал близу 1 милион денари или 998.627 денари. И неговиот…