Во Гвинеа повторно се зголемува стравување од потенцијалната епидемиска состојба предизвикана од вирусот ебола, смртоносна вирусна болест, пет години по завршувањето на претходната епидемија и откако се потврдени седум случаи на заразата од кои ти завршиле со смртен исход.
Шефот на гвинејската здравствена агенција Сакоба Кеита изјави во неделата дека по итниот состанок во Конакри дека лабораторијата во овој град потврдила присутност на еболата. Потврди дека се утврдени седум случаи на заразата, од кои три смртни исходи.
И овојпат еболата се јавува во истиот дел на Гвинеа. Пред нејзиното ширење да биде сузбиено во 2016 година, заразата се прошири и на Либерија и Сиера Леоне, а случаите на заразата беа евидентирани во 10 земји во светот, меѓу кои и во САД и во Шпанија.
По итниот состанок во Конакри, Кеита кој ја води Националната агенција за здрвствена безбедност (ANSS), за новинарите истакнал дека од последиците на заразата кон крајот на јануари починало едно лице во Гуеке, место во близина на границата со Либерија.
По информациите за смртните случаи од последица на зараза со еболата во соседна Гвинеа првпат по пет години, претседателот на Либерија, Џорџ Веа, во неделата на здравствените работници им наредил да ги зајакнат епидемиолошките мерки за будност и да преземат превентивни мерки во земјата.
Иако болеста се појавила во областа на Гвинеа во близина на границата со Либерија, во оваа земја досега не е забележан ниеден случај, а целта на указите на претедателот Веа е да се гарантира активно делување на земјата за да се избегне епидемијата која ја зафати во 2014 година.
Демократска Република Конго во неделата го потврди четвртиот случај на ебола во провинцијата Северно Киву, каде појавата на вирусот е потврдена на 7-ми февруари.
Овие нови случаи на ебола се пријавени откако на 18-ти ноември 2020 година официјално беше прогласен крајот на 11-та епидемија на еболата во покраината Екватор, на северозападот на ДРК, која однесе 55 човеки животи од 130 пријавени случаи на болеста. Оздравувањето на последниот пациент од ебола е потврден во оваа конгоанска провинција на 16-ти октомври 2020 година.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти дека веднаш ќе упати помош во Гвинеа.
„Веднаш ќе ги распоредиме потребните капацитети за да дадеме поддршка на Гвинеа, којшто веќе има големо искуство“, изјави за новинарите претставникот на СЗО во Конакри, Алфред Ки-Зербо по средбата со здравствените власти на земјата.
Ова се првите евидентирани повторни случаи на болеста во западна Африка.
Вирусот на еболата, кој во 1976 година го откри Петер Пиот и меѓународен тим во кој беше и конгоанскиот професор Мујембе, се пренесува на човекот од заразено животно. Од човек на човек се пренесува со телесни течности, а главните симптоми се температра, повраќање, крварење и дијареа.
По големата епидемија која од 2013 до 2016 година владееше во западна Африка кога починаа 11.300 луѓе од 28.600 забележани случаи, и пренесувањето на болеста во западните земји преју хуманитарни активисти, СЗО со секое појавување на еболата стравува од ширење на вирусот во светот. Поради тоа, и претходната епидемија на истокот на Конго, СЗО ја прогласи за меѓународна здравствена криза.