Францускиот платеник убиен во Украина веројатно поврзан со екстремната десница

Францускиот платеник кој загинал на почетокот од јуни во регионот на украинскиот град Харков во операција на руската војска, веројатно бил поврзан со француските екстремистички десничарски групации, пишува весникот Libération.

Во петокот француското радио Europe 1 објави дека бил во Украина загинал првиот француски платеник. Мажот заминал во борбите како дел од ткн Меѓународниот легион кој го формираше Киев во рамките на украинските сили на почетокот од руската офанзива на 24-ти февруари, но има индиции дека уште претходно во Украина престојувале стотици странски ветерани од други боишта како и професионални војници од западните земји.

Според пишувањето на француските медиуми, платеникот бил смртно ранет во артилериски гранатирање. Министерството за надворешни работи подоцна ја потврди на француски државјанин. Во информациите на француските медиуми, се додава дека во истиот руски напад, покрај Французинот загинале уште тројца странски платеници во Украина.

Според пишувањето на Libération, загинатиот е идентификуван како 32-годишниот француски легионер Вилфрид Блерио, кој многу веројатно бил поврзан со француските екстремно десничарски групации.

Притоа се истакнува декa од петокот вечерта, информациите за загинувањето на Блерио активно циркулираат на групите на социјалните мрежи на француските екстремно десничарски групации, вклучително и на Twitter профилот на Меѓународниот легион.

Така, една од таквите на својот Telegram канал објавила фотографија од загинатиот, откривајќи го притоа неговиот идентитет. Според описот, таа групација го нарекува Блерио „француски легионер, кој целиот живот се борел со болшевизмот и антифашистите“. Се забележува и дека на една од приложените фотографии тој отпоздравува со фашистички поздрав.