Среќна нова 1949 година и образовен криминал од 2023 година!

Се наближува крајот на 2023 година! Но, како да е почеток на криминалот и корупцијата? Годината ќе ја испратиме, но не и корупцијата! Дали на повидок е свечено испраќање и на државата, нашата жална Македонија? Борците за корупција се посилни од борците кои треба да ја бранат државата од корупција. Тоа е она патолошко во развојот на едно општество како нашето. Поединци наместо владеење на правото и демократија лесно внесоа патологија и психопатологија во нашиот систем. Затоа има и недоверба во системот и во власта која е последен залутан брод во немирното море.

Овие сентенци се само логичен заклучок на моите пишувања во вид на колумни и ТВ гостувања  кои ги имав во текот на оваа година.

Но, за една симбиоза следи еден рекапитулар на најважните пораки од мене, пораки кои беа упатени најдобронамерно до сите: до носителите на власта, градоначалниците, судиите, дипломатите…

Првата колумна во Нетпрес – 03.01.2023 година со наслов: Уставниот суд под раководство на Кацарска, стои: …И со нејзиното поставување за претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска сака да остави впечаток дека прави „големи реформи“ во институцијата. Ангажирала новинар како портпарол, држи прес конференции и се фали. Но, за да осознаете што вистински се случува во судот, драги читатели, доволно е да дојдете во влезот каде што ќе ве пречека тазе поставен детектор. Да, детектор кој никогаш не постоел во Уставниот суд затоа што има човечко обезбедување и затоа што во институцијата нема фрекфенција на надворешни лица. Детекторот има симболика, тоа е матрицата на првиот човек! Така функционира, таква совест носи…

Втората колумна во Нетпрес – 10.01.2023 година, со наслов: Република Македонија го губи Уставниот суд како столб на државноста, наведувам: …За умисленоста на владиниот повереник во Уставниот суд, Добрила Кацарска говори и тоа дека кога го презентираше извештајот за работата на судот за 2022 година, таа рече дека судот донел дури девет (9) одлуки. Замислете! Па, сите ние кои ја следиме неговата работа знаеме дека Уставниот суд носел и по 40 одлуки во минатото и овој факт се проверува. Тоа што ми падна во очи како провиден Пи-Ар е фалењето на Кацарска дека заштедила на електрична енергија (притоа не кажа колку потрошила). А, во меѓувреме вработува 30 партиски војници, кои нема што да работат и купува скап детектор, така таа го чува буџетот…

Третата колумна во Нетпрес – Дали на Али Ахмети ќе му се продолжи да биде на црната листа на САД?, стои: …Деновиве го слушаме Али Ахмети (Абаз) на партиски трибини на ДУИ како настапува со националистички истапи со напад на македонски медиуми Алфа и Телма, дека биле „непријателски, антиалбански телевизии“, односно биле „против Aлбанците“. Со ваквиот националистички настап и со повик на национализам Абаз сака да го сврти вниманието од тоа што му гори во неговата партија ДУИ и расколот што му се случува со појавувањето на т.н. „огнена група“ од редовите на ДУИ, која отворено ги истакнува криминалните дејанија на министрите на ДУИ во Владата на Али Ахмети и Таче, особено против Артан Груби (идниот претседател на ДУИ наследник на Абаз), Османи, како и за други министри…

Четвртата колумна во Нетпрес – 06.02.2023 година: Континуитет на индексот на перцепција на корупција во Македонија, покрај останатото стои: …Еве, како политичко – непотистички работи Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“-Скопје, а кои синови, ќерка, зет се избрани кандидати во 2022 година. Од страна на политичката партија ДУИ се: од судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи-неговиот син Илир Јакупи, од судија во Апелација Енвер Беџети-неговиот син Јетмир Беџети, од нотарот, бивш директор на Биро за јавни набавки Алмир Садики-неговиот зет Исмаил Исени, претседател на Собрание Таљат Џафери-неговиот син Барлет Џафери. Од страна на политичката партија СДСМ се: од обвинителот ОЈО ГОК Елизабета Јосифовска-нејзиниот син Драган Јосифовски, од претседател на судски совет Киро Здравев-неговиот син Зоран Здравев, од претседател на совет на обвинители Антонио Колевски-неговиот син Иван Колевски, од обвинител ОЈО ГОК Гордана Смаќоска-нејзината ќерка Билјана Смаќоска. Е, вака работи почитувана екселенцијо, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“-Скопје. Па, затоа довербата во правосудскиот систем, од македонските граѓани е една голема НУЛА (zero)…

Петта колумна во Нетпрес – 20.02.2023 година: Кому му одат во прилог ударите од (не)знаење во опозицијата, поентата е следна: …Бидејќи триесет и три години ги следам идеите на Богдановски мора да му одговорам на авторот на колумната во овој цитиран дел. Ликот и делото на Драган Богдановски беше потиснат свесно и беа непознати за пошироката јавност се некаде до 2009/2010 година кога почнаа срамежливо да излегуваат првите написи и сеќавања. Ова е лесно проверливо. Жигосан од југокомунистичките власти, а подоцна потиснат од култот кој си го градеше Љубчо Георгиевски, јавноста, членовите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да осознаваат многу доцна за својот идеолошки татко. Да потенцирам, тој со својот национален активизам не е важен само за партијата туку и за македонската национална кауза во прв ред. Благодарејќи на таа Влада тогаш, почнаа да се финансираат книги кој Богдановски лично ги пишувал, да се реализираат документарни филмови за него како „Жртви на комунизмот“, па се постави негова восочна фигура во Музејот на ВМРО итн. И тоа е најмалку што можеше да се направи за овој борец за демократија и за обединета Европа. Би рекол дека последниве 15 години сеуште го демистифицираме Драган Богдановски и ја тргаме пепелта што ја фрлија неговите противници по идеологија. Откриваме нови факти ама имаме и голем отпор од неговите противници. Тешко оди…

Понатаму следат колумните:

  1. Дали има злоупотреба на поранешниот ректор Сашо Коруновски?
  2. Образовно злосторство од инспекторско злосторничко здружение со цел градење на академска кариера!
  3. Кацарска ги храни криминалот и корупцијата
  4. Балкански лонец на образовни криминали со невалидни дипломи
  5. Здравствено – образовни институционални свесни апсурди
  6. Љупчо во 1900, Георгиевски во 2023 година
  7. Потребата од изучување на културата, религијата, со посебен осврт на исламот
  8. Каде плови овој брод?
  9. Второ отворено писмо до амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер
  10. Насилството меѓу децата-учениците во училиштата
  11. Несериозни препораки на МОН – Владата ги усвојува препораките за училиштата
  12. Како да се сузбие врсничкото насилство во општинското основно училиште Лазо Ангеловски, Аеродром – Скопје?
  13. Отворено писмо до амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Н.Е. Дир Јан Коп
  14. Непотизмот и распадот на битолскиот универзитет
  15. Рамиз Мерко и образовно-политичката корупција од Македонија до САД
  16. Зошто не е формирана комисија која ќе изврши ревизија на образовниот криминал на универзитетот на Мерко лоциран во Струга
  17. Скандал – цариник од Битола незаконски е ангажиран на Универзитетот Мајка Тереза – Скопје во соработка со ДПИ
  18. Милионско наградно прашање до Државниот просветен инспекторат: Дали Воената академија во Скопје функционира законски?
  19. Непрофесионални политички институции на системот
  20. Примитивизмот на Денко Малески
  21. Системска образовна корупција во високото образование
  22. Образовниот криминал на Мерко во соработка со Јетон Шаќири
  23. Излез од македонскиот бродолом во високото образование
  24. Образовниот идиотизам на Агим Нухиу и Јетон Шаќири
  25. МОН и БРО направија хаос во училиштата
  26. ДИЦ – продолжена политичка рака на СДСМ
  27. Македонска турлитава
  28. Дали УКЛО е фамилијарен бизнис или високообразовна институциија?
  29. Корупцијата во Одборот за акредитација
  30. Реакција на група студенти, вработени и професори на УКЛО – Битола
  31. Машинскиот факултет – перспектива на студентите на пазарот на трудот
  32. Вознемиреност на Нано Ружин и Никола Поповски за невалидни дипломи
  33. Добрила Кацарска – Инфлуенсер на СДСМ до крајот на мандатот
  34. Состојбите во Судскиот совет огледало на недовербата на граѓаните во судството
  35. Која е причината за слабите резултати од ПИСА тестирањата?
  36. Политичка активност со образованието во општина Чашка

Насловите на овие колумни ги изразуваат проблемите во нашата држава! Тие покажуваат колку е ранлив нашиот систем од криминалци и корумпирани политичари кои не се плашат ниту од закон, ниту од тоа што ќе бидат ставени на црната листа на САД! Тие покажуваат колку народот ги знае слабостите на системот, а сепак никој не се обидува да ги отстрани! Единственото решение е победа на опозицијата на изборите и конечно со млади и чесни луѓе да се решат овие проблеми, да се сместат корумпираните во затворите и државата да оди напред!

СРЕЌНА НОВА 1949 ГОДИНА!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес