Повеќе од 460 луѓе починале од ковид во Јапонија во последните 24 часа, што е нов анти-рекорд на смртните случаи на дневно ниво од коронаворусната болест, објави во саботата телевизијата NHK.
Во претходното деноноќие биле потврдени повеќе од 230.000 случаи на зараза. Тоа не е максималната бројка на дневни инфекции од почетокот на пандемијата на коронавирусот, меѓутоа објавено е дека многу региони потврдиле рекордни бројки на зарази.
Стручњаците предупредуваат дека острото зголемување на бројот на заразените лица може да се случи во втората половина на јануари, дневната стапка на инциденца во овој момент може да надмине 450.000 луѓе.
Во Јапонија не постојат ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, освен носењето маски на јавно простори што и онака е карактеристика на локалната здравствена култура во периодите на ширење заразни болести.