Бразилските здравствени власти во изминатите 24 часа забележале рекорд од 115.228 новопотврдени случаи на зарази со коронавирусот, соопшти министерството за здравство.
Истовремено потврдени се уште 2.392 смртни исходи како последица од компликациите кои ги предизвикува короанвирусната болест Covid-19.
Од почетокот на пандемијата, во Бразил се регистрирани повеќе од 18 милиони случаи на заразата, додека официјалната бројка на починатите се зголеми на 507.109, покажуваат податоците на министерството за здравство.