Без разлика на шпекулациите во одредени наменски текстови, како благодарност за семејно вработување, според кои актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров да се кандидира за шеф на државата, за што по сопствено призание често самиот „разговара со себеси“, а на неговата позиција да да биде прекумандувана од одбраната Радмила Шекеринска, се чини дека и двајцата според досегашниот багаж се повеќе зрели да бидат надвор од владата на Зоран Заев.
Mинистер за надворешни работи Никола Димитров, инаку потписник на договорот со Грција со кој е променето уставното име на земјата, со имот проценет на 800.000 евра е меѓу шесте најбогати министри во Владата, има нескриена намера да стане првиот претседател на „Република Северна Македонија“. Меѓутоа, сѐ уште се свежи впечатоците дека државата ќе го плаќа школувањето на неговата ќерка во странство, изјавата за македонската како „искомплексирана нација“ и аферата којашто ја објави мрежата WikiLeaks од периодот кога Димитров ја водеше дипломатијата во владата на ВМРО-ДПМНЕ.
И воопшто не изненадува аспирацијата на Димитров за највисоката државна позиција и покрај споменатите афери кои го претвораат во мајстор на скандалите, ако се има предвид недемантираното сведочење на поранешниот премиер Никола Груевски дека неговиот истоименик како амбасадор на тогашната Република Македонија, зборувал лошо за него во САД но истовремено изразил подготвеноста да преземе министерска позиција да облече „партиски дрес“.
Скандалите во серија на Димитров беа отворени со кога се дозна дека неговата ќерка веќе во првата година од неговиот мандат добила 40.000 евра стипендија од државата за да студира на универзитетот во Утрехт, Холандија, а министерот тогаш објави дека е „згрозен“ од јавното изложување на неговата ќерка Јана Димитрова, затоа што успеала да се запише на еден од најдобрите универзитети и повика ударите за неговиот политички ангажман да ги упатат кон него. Имено, на 4-ти август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори кога настапува и забраната за исплата на буџетски средства според член 8-а од Изборниот законик, тогашната министерка за образование Рената Дескоска, формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.
Освен школарина за Универзитетот во Утрехт, стипендијата на Јана Димитрова покрива и авионски билети до Холандија и од Холандија кон Македонија, на почетокот и на крајот на секоја студиска година. Стипендијата, исто така, го покрива и сместувањето за Димитрова, која веќе има сопствен дом во Холандија, каде што живее нејзиното семејство.
Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. Така се поставува прашањето дали министерот Димитров, ја избегнал транспарентноста и намерно ги прикрил овие 40.000 долари стипендија за неговата ќерка, па ги нема пријавено како дел од приходот на неговото семејство во Антикорупциската комисија, иако од анкетниот лист се гледа дека еден од неговите три стана му е пријавен токму како имот во сопственост на неговите деца?
Покрај, тоа мора да се истакне дека и функционер кој располага со имот кој за македонски услови се смета сосема примерен, си дозволува најверојатно користејќи ја политичката позиција од средствата на жителите на Македонија да си ја школува ќерка си додека 460.000 граѓани секојдневно гладуваат. Според најновите информации на Државниот завод за статистика и според податоците, истата година кога Јана Димитрова ја добила стипендијата, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија била во пораст и изнесувала 22,2 отсто.
Многу набрзо разобличувачкиот ресурс објави доверливи депеши на американската дипломатија според кои Димитров во 2008 година двапати бил заштитен извор на амбасадата на САД во врска со грчко-македонскиот спор за името и за евроатлантските интеграции. Димитров од позиција на амбасадор и главен преговарач знаел дека позициите кои се граделе на нивото на претседател на држава, премиер и министер за надворешни работи во врска со спорот со името се класифицирани со степен на државна тајна. Така што, доколку се толкуваат членовите на Кривичниот законик од оваа област. Димитров во најмала рака треба да биде подложен на истрага по делата „Шпионажа“ и „Оддавање државна тајна“.
За личноста на Димитров и неговата, благо речена, превртлива природа доволно зборува и фактот дека веднаш по референдумот од 30-ти септември министерот сфаќајќи ја пораката на граѓаните – дека не го прифаќаат неговото и на Заев настојувањето да се промени името на земјата си поднесе оставка. Димитров всушност и несвесно призна дека референдумот не беше успешен, па потоа по барање на Заев писмото со сопствената оставка го прогласува „фалисфикат“ лажејќи ја целата јавност дека наводно е злоупотребен службениот печат.
Сега, откако ја заврши задачата со преименувањето на сопствената држава и нација, Димитров е во офанзива на меѓународната сцена барајќи исплата. Тоа, според неговите амбиции е претседателската позицијата. Но доколку се суди по одредени шпекулации за формирање нова партија во чиешто раководство би бил и тој, се чини дека има уште задачи за одработување, и тоа во поделба на опозицијата.