Европа го повикува Иран да се придржува до нуклеарниот договор, Израел ја подготвува војската

Европските земји потписнички на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, Франција, Велика Британија и Германија, порачаа во вторникот дека се „изразено загрижени“ проади нарушувањето на договорот, додека Израел тврд дека се подготвува за множно учество во каков и да е судир меѓу САД и Иран.

Иран објави дека следната седмица ќе ги зголеми своите резерви од збогатен ураниум над лимитот на кој се согласи при постигнувањето на нуклеарниот договор со шесте светски сили, поради тоа што САД еднострано во мај 2018 година се откажаа од договорот и повторно ги вратија санцкиите против Техеран, кој бара од европските потписници да се заложат за намалување на ефектот од санкциите на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, заканата на Иран за зголемување на количествата збогатен ураниум ја оцени како „играње со оган“.

„Жалиме поради одлуката на Иран која го доведува во прашање главниот инструмент за никлеарните ограничувања. Го повикуваме Иран да се откаже од овој потег и да се воздржи од натамошните мерки кои го нарушуваат нуклеарниот договор“, порачуваат министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија во заедничката изјава со Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Тензиите меѓу Иран и САД се зголемија по повлекувањето на Вашингтон од нуклеарниот договор и воведувањето на санкциите со кои сакат да сведат на нула иранскиот извоз на нафта. Вашингтон им се закани на европските земји дека, исто така, ќе бидат на удар на мерки доколку ги кршат неговите санкции против Техеран. Потоа следеа американските обвинувања за наводна иранска одговорност за инцидентите со два нафтени танкера во Оманскиот залив, респоредување групи на носачи на авиони, стратешки бомбардери и ракетни системи, како и дополнителни 1.500 војници во Персискиот залив, како и иранско соборување на американски шпионски дрон над Ормутскиот теснец.

Европските потписнички на договорот се обидуваат но без резултат да се избегне директната конфронтација на двата долгогодишни непријатела, стравувајќи дека тоа може да доведе до опасен воен конлфикт во кој ќе пламне целиот Блиски исток.

Израел, пак, го поттикнува Вашингтон да продолжи со санкциите против неговиот главен регионален противник Иран, предвидувајќи дека Техеран би можел повторно да преговара за поголеми ограничувања на својата нуклеарна и балистичка програма. Меѓутоа, израелскиот министер за надворешни работи, Исраел Кац, изјави на меѓународен безбедносен форум во вторникот дека Иран би можел „случајно да се најде“ во она што го нараче „сива зона“ во судирот.

„Би требало да се земе предвид дека погрешните пресметки (на иранскиот) режим би можеле да доведат од преминување од ‘сивата зоина’ во ‘црвената зона’, односно воен судир. Мораме да бидеме подготвен на тоа и затоа Државата Ираел продолжува да се посветува на градењето на својата воена моќ во случај да мора да одговори на сценаријата на ескалација на судирот“, рече Кац.

Израел повеќе од деценија се заканува со преземање „превентивна“ воена операција за да се уништат израелските нуклеарни постројки. Еден од повлијателните ирански пратеници предупреди во понеделникот дека Израел ќе биде унништен во рок од „само половина час“, доколку САД го нападнат Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф негира, како и Меѓународната агенција за атомска енергија, дека Иран го кроши нуклеарениот договор со зголемување на резервите од збогатен ураниум, туку дека го достигнал лимитот, и порача дека Иран има право да реагира по повлекувањето на САД од договорот и повторното наметнување санкции.

Со пречекорувањето на дозволеното ограничување, Техеран би можел да поттикен размислувања за враќање на сите меѓународни санкции, сметаат европски дипломати. Еден од нив на прашање на Reuters дали ЕУ ќе го покрене механизмот за решавање на спорот содржан во договорт, порачал дека „засега нема“. „Сакаме да ја ублажиме кризата“, додал.