Германија повторно за влакно избегна рецесија

Германската економија благо пораснала во третиот квартал благодарејќи на државната и потрошувачката на домаќинствата кои го надоместиле падот на активностите во индустријата, покажаа во четвртокот објавените податоци од бирото за статистика.

Во периодот од јули до септември најголемата европска економија пораснала за бледи 0,1 отсто во однос на претходното тримесечје, според сезонски и календарски прилагодените податоци, објави бирото Destatis.

Воедно, бирото за статистика ја намали процената за вториот квартал која сега покажува малку поголем пад на активностите, за 0,2 отсто. Досега во Destatits проценуваа дека бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал паднал за 0,1 отсто.

Германија со тоа повторно за влакно ја избегна рецесијата, како и на крајот од минатата година кога активностите на тромесечно ниво стагнирала, по 0,2 процентниот пад во третото тримесечје.

Позитивен импулс на економијата во третиот годинешен квартал, во прв ред, му дале поголемите државна и потрошувачка на домаќинствата во однос на претходното тримесечје, истакнуваат од бирото.

Извозот, исто така, пораснал, додека увозот речиси стагнирал. Повеќе се вложувало и во градежнитштвото, додека вложувањата во машини и опрема повторно се намалени.

На годишно ниво германското стопанство во третото тримесечје според ценовно прилагодените податоци пораснала за 1 отсто. Прилагоден за календарските и ценовните ефекти, растот изнесувал 0,5 отсто.