Илјадници во Багдад тагуваат по Сулејмани

Илјадници луѓе во саботата се собраа во ирачката престолнина Багдад пред почетокот на погребната поворка во знак на жалост за убиениот ирански воен командант Касем Сулејмани и челникот на ирачката милициа Абу Махди ал-Мухандис и другите кои загинаа во американски воздушен напад во Ирак.

Нападот од петокот крај меѓународниот аеродром во Багдад, кој го наредил американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика голема ескалација во необјавената војна на Блискиот исток меѓу Иран и САД, и другите американски регионални сојузници Израел и Саудиска Арабија.

Сулејмани беше извонредно влијателен воен командант и се смета за еден од архитектите на влијанието на Иран на Блискиот исток. Минахдис пал, беше командант на ирачката коалиција Народни сили за мобилизација (PMU), во која дел е и шиитската доброволечка милиција ал-Хашед ал-Шааби, кои ја имаа клучната улога во теренските борби против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Ирачката милиција PMU најави голема погребна поворка во чест на двајцата команданти и уште десет други лица кои загинаа во американскиот напад, која ќе започне од добро утврдената багдадска ткн Зелена зона, во која се наоѓа и амбасадата на САД, кон шитискиот свет град Карбала а ќе заврши во другиот шиитски свет град Наџаф.

Ирачаните од сите краеви на земјата започнаа да се собираат на багдадските улици рано утрото во саботата пред почетокот на поворката. Во мачна атмосфера, вееја ирачки и знамиња на паравоените сили кои ги слават како ослободители од џихадистите.

Непријателството меѓу Вашингтон и Техеран се влошија на теренот на Ирак минатата седмица, откако по американскиот напад врз шиитската милиција Катаиб Хезболах која ја основаше Мухандис, беа убиени 25 борци, по што беше нападната амбасадата на САД во Багдад.

Вашингтон се обидува да ја минимизира реакцијата на Ирачаните на ликвидацијата на двајцата шиитски комананти, па во американските медиуми се појавија тврдења дека Ирак е поделен.

Така американскиот државен секретар Мајк Помпео на Twitter објави видео за кое тврди дека луѓето го слават убиството на Сулејмани со пшоракта „Ирачаните танцуваат наа улиците за слободата, благодарни што повеќе го нема генералот Сулејмани“. Но весникот The New York Times по анализа на снимката и изјави на очевидци на снимениот материјал негираше дека всушност никој не се радувал и оти само едно лице на таа снимка ликувала за убиството на Сулејмани. Другите извикувале дека смртта на иранскиот генерал била место за смртт на Ирачаните кои протестираат против влијанието на Иран во нивната земја.

Во мнозинскиот шиитски Ирак, со над 66 отсто од населението, многумина ги осудуваат нападите и во Сулејмани гледаат херој поради неговата улога во поразот на џихадистичката Исламска држава. Тие сметаат дека со оваа ликвидација САД всушност ѝ помагаат на Исламската држава. Многи Ирачани, исто така, го критикуваат Вашингтон бидејќи атентатот врз висок командант на Иран ја извел на ирачка територија, со што ја турка земјата во нова војна.