Челникот на левичарската италијанска Демократска партија (PD), Никола Ѕингарети, изјави во неделата дека неговиот партиски тим работи на новата коалициска влада со донеодамнешниот жесток противник – антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ), а за заедничките политики и распределбата на ресорите сѐ уште се преговара.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела во четвртокот му го предаде мандатот на досегашниот премиер Џузепе Конте, кој е предлог на Движењето пет ѕвезди кој по првичното противење го прифати Демократската партија, да ја фомира новата влада, откако Матео Салвини одлучи да ја повлече својата десна партија Лига од владејачката коалиција М5Ѕ за да предизвика предвремени избори. Етаблираните пролевичарски сили во Рим, во прв ред претседателот Матарела инстистираа да се направи неприродна коалиција меѓу М5Ѕ и PD за да се спречи подемот на Лига која на според моменталните анкети иако со намален рејтинг по предивикувањето на политичката криза сѐ уште има убедливо водство и е најверојатен победник на евентуални нови избори.
Досега изразено евроскептично ориентираното Движење пет ѕвезди, особено во поглед на финансиските и економски политики на Брисел, изненадено од потегот на Лига, но и без желба за предвремени избори откако во мај ја загуби предноста на изборите за Европскиот парламент, се одлучи да формира коалиција со левата Демократска партија, којашто е во процес на обновување по расцепкувањата по серијата тешки изборни порази на различни нивоа изминатите години.
Двете партии веќе неколку денови се обидуваат да постигнат договор за формирање владејачка коалиција. Доколку не успеат да се договорат следната седмица, претседателот Серџо Матарела би требало да го распушти парламентот и да одреди датум за одржување на предвремените парламентарни избори.
И покрај разликите меѓу двете партии, високи фунцкионери од двете страни го поддржаа формирањето коалиција по продолжувањето на преговорите, иако не е извесно како и колку таа ќе биде вистински функционална.
„Знам дека е тешко, но го правиме најдоброто што го можеме за да формираме нова влада“, вели челникот на PD, Никола Ѕингарети во видеото објавено на Twitter.
Конте, кој во четвртокот ја доби согласноста од Демократската партија да се обиде да го состави министерскиот кабинет, во петокот ги почна разговорите со сите италијански политички сили со кои треба да состави нова стабилна владејачка гарнитура. Преговорите најдоцна треба да бидат завршени до средата, порача Конте на трибината во организација на весникот Il Fatto Quotidiano.