Американската реалити ѕвезда Ким Кардашјан се приклучи во борбата против пандемијата на коронавирусот лансирајќи линија немедицински маски за лице кои се респродадени во рекорден рок, пренесува CNN.
Триесет и деветгодишната Кардашјан во рамките на својот бренд долна облека „Skims“ во продажба пушти линија немедицински маски за лице, наменети за целодневно користење и повеќекратна употреба.
Телевизијата CNN пренесува дека маските се „лесни, растегливи и прозрачни“. Маските во продажба биле пуштени во пет бои, почетната цена изнесувала 8 долари.
Само неколку часа по лансирањето на својот нов производ, Кардашјан преку Twitter ги извести своите обожаватели дека целата колекција маски е распродадена.
„За жал, нашите @skims маски за лице денеска се распродадени, но соработуваме со локалниот партнер во ЛА за во што покус рок произведеме повеќе“, им порача на своите следбеници, кои во моментов ги има 64 милиони.