Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонзос ќе има апсолутно мнозинство во новиот состав на паралеметот, покажуваат излезните анкети објавени веднаш по затворањето на избирчките места, во 23 часот по македонско време.
Проекциите сугерират дека конзервативците ќе освојат 368 мандати, 50 повеќе отколку на претходни исто така предвремени избори во 2017 година. Во британскиот паралмент кој има 650 пратеници, според излезните анкети опозициските лабуристи ќе имаат 191 пратени, што е губење на 71 мандат во однос на пред две години. Шкотската национална партија (SNP), ќе имаа 55 мандати, а либералните демократи 13 пратеници.
Партијата Брегзит, на Најџел Фараж, останала без пратеник, Зелените освоијуваат еден пратеник, а другите политички групации 22 мандата, меѓу кои веројатно се и велшките националисти (Plaid Cymru) и северноирската ултраконзервативна Демократска унионистичка партија (DUP).
Излезните анкети ги спроведе институтот Ipsos за телевизиите BBC, Sky News и ITV, на 144 избирачки места ширум Британија. Илјадници избирачи биле замолени да пополнат копија на гласачкото ливче додека го давале својот глас.
Според овие резултати, Конзервативната партија може самостојно да формира владат и да има голема поддршка во остварувањето на своето предизборно верување дека ќе го заврши процесот на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, на 31-ви јуни, по трите одложување поради одбувњето на договорите во парламентот во Лондон.
Официјалните резулати ќе пристигнуваат во текот на ноќта. Првите официјални резулттие со очекуваат околу 1 часот по полноќ по македонско време, прелиминарните податоци за исходот од изборите околу 6,30 часот утрото, а целосните резултати се очекуваат во петок околу пладне.
На изборите во 2005, 2010 и 2017 година податоците од излезните анкети го предвидоа точниот резултат. Во 2015 година, пак, овие анкети предвидуваа дека конзервативците ќе имаат најголем број пратеници, но нивниот резултат беше уште подобар.