Лавров до Помпео: Убиството на Сулејмани е нарушување на меѓународното право

Рускиот министер за надворешни работи во текот на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео во петокот истакнал дека убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во ирачката престолнина Багдад претставува грубо кршење на меѓународното право.

„Лавров истакна дека насочените акции на една земја членка на ОН за ливидација на официјално лице на друга земја членка на ОН, згора на тоа на територијата на трета суверена земја без нејзино знаење, грубо ги кршат принципите на меѓународното право и заслужуваат осуда“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Шефот на руската дипломатија „истакна дека овој чекор на САД носи многу сериозни последици за регионалниот мир и стабилност, не придонесува за напорите да се изнајде решение за сложените проблеми наталожени на Блискиот исток, туку напротив доведува до нова бран ескалација. Москва го повикува Вашингтон да се откаже од незаконските насилни методи за постигнување на своите цел на меѓународната сцена и да ги решава сите проблеми на преговарачката маса“, додава руската дипломатија.

Притоа не се соопштува за ставовите на американскиот државен секретар Помпео искажани во разговорот со Лавров.

Претходно во петокот Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон, меѓу другото разговарал и за ликвидацијаата на иранскиот командант во Багдад, при што двајцата челници изразиле загриженост од американскиот чекор.

„Од двете страни беше изразена загриженост поради загинувањето на командантот на специјалните сили Кудс на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, како резултат на американски ракетен напад на аеродромот во Багдад. Беше истакнато дека ова дејствие може да доведе до сериозно влошување на ситуацијата во регионот“, се додава во соопштението во кое наведува дека разговорот се водел по иницијатива на Париз.

Во соопштението на Елисејскиот дворец во врска со споменатиот разговор се истакнува дека Макрон го изразил ставот дека е неопходно да се избегне ескалација на ситуацијата во Ирак и ги повикал сите страни во конфликтот да се воздржуваат од преземање чекори во спротивна насока.

Кабинетот на францускиот челник наведува дека Макрон и Путин се договориле да одржуваат близок контакт следните денови со цел да се спречи нова опасна ексалација на тензиите.

Во тој поглед Макрон „ја потврдил заложбата на Франција да се зачува суверенитетот и безбедноста на Ирак, како и стабилноста во регионот“. Францускиот челник ја истакнал и потребата за тесна координација меѓу потписниците на нуклеарниот договор од 2015 година, со цел да се повика Иран брзо да се врати кон потполно исполнување на своите одредби од договорот од кој еднострано истапија САД во мај 2018 година.

Макрон притоа ја истакнал и важноста на борбата против исламискиот тероризам и ја потврди својата целосна поддршка за меѓународната коалиција која се бори против џихадистичката Исламска држава.