Македонското собрание го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО

Без било каква дискусија, со 103 гласа „за“ и со двајца „против“ го изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за Шведска и за инска, со што Македонија практично даде зелено светло овие две земји да станат членки во алијансата.

За да станат Шведска и Финска членки на НАТО потребно е сите 30 членки да ги ратификуваат протоколите, а пред Македонија тоа го направија 17 други членки.

Шведска и Финска се решија да му се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина, а процедурата официјално почна на 5 јули, кога амбасадорите на 30-те членки во НАТО ги потпишаа протоколите.