Малезиската државна инвестициона компанија соопшти денеска дека „Малезиа ерлајнс“ ќе помине целосно во државна сопственост и ги повече нејзините акции од берзата за да може да се направи реконструкција на фирмата која пробува да се опорави по губитокот на два авиони.
„Казанах национал“, компанијата која поседува 69 отсто од „Малезиа ерлајнс“, соопшти дека му предложила на одборот на директори на овој авиопрезовник дека сака да го откупи делот на малите акционери.
Ова преземање би чинело 428 милиони долари.
„Казанах“ соопшти дека ставањето на компанијата во државна сопственост би била првата фаза од комплетната реконструкција на фирмата која работи со загуба.
Деталниот план ќе биде објавен до крајот на овој месец, пренесува АП.
„Малезиа ерлајнс“ претрпе две големи катастрофи оваа година, што дополнително ја оптоварија веќе соочената компанија со финансиски проблеми.
По падот на двата авиони, аналитичарите воочија дека оваа компанија нема да ги преживее следните 12 месеци без финансиска инјекција од малезиската Влада.