На протестите во Берлин повредени 45 полицајци

Најмалку 45 полицајци се повредени на саботниот протестен собир во Берлин, на кој се собраа илјадници демонстранти кои бараат укинување на рестриктивните мерки воведени поради сузбивањето на епидемијата на коронавирусот, објави во неделата полицијата на германската престолнина.

Полицијата по првичните процени за 18 повредени полицајци во обидот да се растури собирот на кој не биле почитувани хигиенско-санитарните мерки, во неделата попладнето прецизираше дека станува збор за 45 повредени нејзини припадници од кои тројца завршиле во болница.

„До моментов, пријавени се 45 повредени полициски службеници. Приведени се вкупно 133 лица“, соопшти берлинската полиција.

Се додава дека вкупно саботните настани биле обезбедувани од 1.100 припадници на полицијата. Полицијата подигнала тужба против организаторите поради непочитивање на пропишаните епидемиолошки мерки, се додава.

Протестот заврши откако полицијата насилно ги отстрани организаторите од бината. Полицијта започнала со растерувањето доцна попладнето, но неколку стотици останел до дозна во ноќта, собрани кај Бранденбуршката капија.

До неколкуте различни протестни собири во саботата во Берлин, најмасовен бил протестот против рестриктивните мерки, на кој според процените на полицијата учествувале 20.000 луѓе. Меѓу нив биле ткн „слобнодни мислители“, заговорници на теориите на заговор, противници на вакцинирањето, а полицијата наведува дека се придружиле и припадници на екстремно десни организации.

Немири имало и во доцните вечерни часови во областа Нојкелн, во текот на протест организиран од левичарски активисти. Полицијата не дава детална статистика и не прецизира точно на кои протесто настрадале полицајците.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, го критикуваше протестниот собир бидејќи учеснциите не се придржувале на здравствените прописио, истакнувајќи дека имаа право на протест.

Во Германија вкупно до неделата има над 211.000 заразени и 9.148 починати од коронавирусот.