Николовски: Рано е за полициски час, утре ќе разгледуваме нови мерки

Генералниот секретар на СДСМ и заменик премиерот Љупчо Николовски гостуваше во „Клик плус“ на ТВ21, каде коментираше за новата состојба со коронавирусот, и воведување на евентуално нови мерки.

Николовски рече дека драстичен скок на новозаболени има секаде, и дека оваа криза не ја избегнува ниту една земја.

Исто така најави дека ќе има нови мерки од страна на Комисијата за заразни болеси, но смета дека е рано за полициски час.

-Министерот Филипче најави, утре седница на Комисијата, ќе бидат предложени нови рестриктивни мерки поради новонастанатата ситуација. Тука разговараме и очекуваме да стигнат предлозите, да видиме во кој поглед ќе бидат мерките, но ова е знак дека мора да ги почитуваме мерките. А, во однос на строгите мерки како што се полициски час, мислам дека е рано – рече Николовски.