Облачно време со локални врнежи од снег

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремен и слаб локален снег.

Во Скопје температурите ќе се движат до 6 степени Целзиусови, додека пак во западните делови на Македонија може да очекуваме и минусни температури.

Ќе дува слаб ветер од северен правец, а по долината на Повардарието ќе се засилува.