
Ракометарите на битолски Еурофарм Работник со 26:36 беа поразени на гостувањето кај Спортинг Лисабон во рамките на Лигата на шампионите.
Битолскиот тим немаше шанса против португалскиот тим, иако се очекуваше посилен отпор.
Остроушко и Јотиќ имаа по осум гола, но тоа не беше доволно за победа. Митревски средбата ја заврши со 12 одбрани.
Најдобриот стрелец на македонскиот вицепрвак во Лигата на шампионите Остроушко заедно со Јотиќ има “симултанка” во воведните пет минути од средбата и ги држеа”фармацевтите” на егал, 4:4.
Првата предност Спортинг ја направи со мини серијата од два гола, 6:4, но Маџовски не остана покусо, па со помош на одбраната врати за ново изедначување 6:6. Тоа беше последен пат Еурофарм Работник да има простор за надеж затоа што следи нов налет на домашните од 5-1 за највисоки дотогаш 11:7. Највисоката предност на Спортинг беше осум гола (16:8, 17:9) за со 17:11 Португалците да заминат на полувремето.
Избраниците на Стевче Алушовски не успеаја да приредат пресврт во продолжение. Спортинг Лисабон без проблем ја зголемуваше предноста. На крајот таа беше двоцифрена.
Ова беше шестти пораз за Еурофарм Работник во дебитанската сезона во Лигата на шампионите, со скор од само една победа е на последното место во групата Ц.