Последниот македонски претставник ФК Металург со пораз се прости од Лига Европа откако и на Филип Втори загуби од кипарска Омонија и тоа со 1-0.
Во доста рамноправна игра гостите единствениот погодок го постигна во 53м преку Асис и со вкупен резултат од 4-0 патуваат во следната фаза од второто по квалитет европско натпреварување.
За Металург ова е најуспешниот настап во Европа во неговата клубска историја откако претходно мина две рунди.