Како и секој петок, и денеска во кујната на Нетпрес се готви посен ручек. Нашиот предлог за денеска е вкусна туна во сос од домати и одлична торта со банани.
Потребно:
4 парчиња туна,
4-5 лажици доматно пире,
брашно,
1 китка магданос,
4 чешниња лук,
масло,
бибер и сол
Подготовка:
Туната посолете ја, исперпелкајте ја во брашно и пржете ја во врело масло додека не добие црвеникава боја.
Подгответе го сосот од домати. Маслото во кое сте ја пржеле туната префрлете го во соодветен сад, ако е потребно додадете уште малку и во него пропржете го брашното, а откако ќе добие жолтеникава боја истурете го и пирето од домати. Сето тоа добро промешајте го заедно, додадете вода, па варете го сосот додека не згусне.
При крајот од варењето додадете ги ситно исечканите магдонос и лук и оставете да крчка уште 5 минути. Посолете по желба.
Испржената туна ставете ја во тенџере, полијте ја со сосот и тоа заедно динстајте го уште 10-тина минути.
А за десерт подгответе вкусна посна торта со банани.
Потребно:
1 л вода,
50 гр. кокос,
350 гр. шеќер, 4 пак. пудинг од ванила,
375 гр. маргарин,
1 кг. банани,
300 гр. кршени посни бисквити.
Подготовка:
100 гр. од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер за кафе (да биде во прав). Потоа се вари пудингот со вода во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.
Откако се излади се мати со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите (најдобро да се остави преку ноќ). Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.