Пронајден лек за еболата!

„Пронајдовме лек за еболата“, објавиja на прес-конференција тајландските научници.

Тимот научници пронашле анти – тела кои го уништуваат вирусот на ебола. Иако има нов лек, тој сеуште не е тестиран врз животни, а уште помалку на луѓе.

Анти-телото се развива од човечки станици, поради што безопасно е за човечкиот организам и можно е за краток временски период да се произведе во големи количини. Тајландско-кубанска фармацевтска компанија веќе изразила интерес да се вклучи во тестирањето и производството на лекот за еболата.

Тајландските научници се во контакт со Светската здравствена организација, која побарала да ги тестира анти-телата кои биле откриени.

Се проценува дека од ебола во изминатите шест месеци во западна Африка се заразени 6.553 лица, од кои 3.100 починале. Ова е најлошата епидемија на ебола откако е откриен вирусот во 1976. година.