Горан Рафајловски вечерва гостуваше во емисијата „топ Тема“ каде што посочи дека владините мерки воопшто не помагаат на стопанството, со тие мерки стопанството не може да преживее.
„Тоа што ништо не е поправено во бизнисот, значи имаме мали отстапувања, некои подобрувања во еден извесен период, на месец јули и август, а кои се минимални нема значително да дејствуваат на падот на економијата во Република Македонија. Основното прашање е што ние како држава, а воопшто и ние како стопанственици кои работиме внатре во државата ја имаме комплетно изгубено довербата едни во други“, истакна Рафајловски.
Рафајловски додаде дека стопанството ја има комплетно изгубено довербата во владата, и владата исто така ја има комплетно изгубено довербата во стопанството. Затоа треба доста сериозно да се работи за да се надмине оваа економска криза која ги погодува сите во Македонија.
„Владата ја нема довербата во стопанството, затоа носат такви мерки како што носат за жал. Со тие мерки едноставно само ситни едноставно многу ситни дупки затвора. А, тие ниту можат да му дозволат на стопанството да преживее. А, ниту од тие мерки ќе преживее“, нагласи Рафајловски.
Рафајловски посочи дека владата нема доверба дека токму стопанството може да ја извлече Македонија од криза.
„Владата верува во некои свои визии, свои бројки“, рече Рафајловски.