Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (FAA) во четвртокот издала итен налог со кој им се забранува на американските компании изведување летови над делови од иранската територија поради зајакнатите тензии во оваа област.
Налогот за забрана на летовите над делови од Перискиот залив и Ормускиот реснец е издаден неколку часа откако воздухопловната компанија „United Airlines“ откажа летовите меѓу аеродромот Њуарк во сојузната држава Њу Џерси и главниот индиски финансиски центар Мумбаи, кои се одвиваат преку иранскиот воздушен простор, поради безбедносни процени откако Иран собори американско беспилотно летало.
Соборувањето на невооруженото беспилотно летало „Global Hawk“ е последниот во серијата инцидентот во Оманскиот залив, клучниот премин за глобалната трговија со нафат, откако претходно еба регистрирани шест инциденти со нафтени танкери.
Од FAA тврдат дека според апликациите за следње на летовотеи, најблискиот цивилен авион летал на околу 45 наутички мили од дронот кога го урнале ирански противвоздушни ракети. „Во областа во времето на нападот летале бројни цивилни летала“, порачаа од FAA.
Додавааат дека се загриженио поради порастот на тензиите и воените актвиности во близина на важните цивилни воздухопловни рути, како и поради „подготвеноста на Иран да користи проектили со долг дострел во меѓународен возрушен протстор без предупредување“.